Климатската конференција во Мадрид никако да заврши, нема договор за финансирање на сиромашните

Лидерите од 196 земји треба да се договорат за конечен документ, за тоа како да се финансираат посиромашните земји за да се ублажат штетите предизвикани од климатските промени и правилата на пазарот на фосилни горива.

60

Конференцијата на ОН за климата во Мадрид требаше да заврши вчера, но пролонгирана е и за денеска, бидејќи делегациите сè уште не се усогласија за усвојување завршен документ.

Лидерите од 196 земји треба да се договорат за конечен документ, за тоа како да се финансираат посиромашните земји за да се ублажат штетите предизвикани од климатските промени и правилата на пазарот на фосилни горива.

Островските држави кои би можеле да бидат избришани од лицето на Земјата со зголемувањето на нивото на морето, завчера ги обвинија богатите земји дека немаат чувство за обемот на климатската криза.

На вчерашната пленарна сесија стана јасно до кој степен лидерите не беа во можност да постигнат договор, бидејќи нивните барања значително се разликуваа.

Двонеделните разговори се водат под будното око на јавноста за да се види каков било знак дека владите се подготвени да го реафирмираат Договорот од Париз за 2015 година и со тоа да се посветат на поамбициозно намалување на емисиите на стакленички гасови следната година, пренесува Хина.

Целта на Парискиот договор е да се избегнат катастрофалните сценарија, на кои предупредуваат научниците, а со цел да се ограничи порастот на глобалната температура, предизвикано од согорувањето на фосилните горива.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...