Клаудија Кардинале во Битола

Освен неа, во Битола, синоќа пристигна и Роџер Дикинс, лауреатот на Златната камера 300 за животно дело, кој во Битола дојде со сопругата Изабела.

750

Пред вечерашното свеченото отворање на 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, во Битола пристигна ѕвездата на годинашното издание, легендарната Клаудија Кардинале.

Таа во Битола допатува со својата ќерка, која се вика исто како неа Калудија. Гостите ги пречекаа директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска и уметничкиот директор, Благоја Куновски – Доре.

Клаудија Кардинале, вечерва ќе прошета по црвениот тепих до Центарот за култура, каде свечено ќе и’ биде врачен наградата Златна камера 300 за особен придонес во светскта филмска уметност.

Освен неа, во Битола, синоќа пристигна и Роџер Дикинс, лауреатот на Златната камера 300 за животно дело, кој во Битола дојде со сопругата Изабела.

Инаку, завршуваат последните подготовки за отворањето на фестивалот, се поставува црвениот килим, а во Битола пристигнуваат голем број филмаџии од Македонија и од странство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...