Кијану Ривс и Кери-Ен Мос и во „Матрикс 4“

Снимањето ќе почне наредната 2020, а премиерата е закажана за 21 мај 2021 година.

126

Кијану Ривс и Кери-Ен Мос, ѕвездите од „Матрикс“ трилогијата, потврдија дека ќе ги повторат своите улоги и во четвртиот дел од научнофантастичната сага.

Лана Вачовски ќе биде режисер, сценарист и продуцент на новиот филм. Во другите улоги ќе се појават Џејда Пинкет Смит, Нил Патрик Харис, Џонатан Голф и други.

Снимањето ќе почне наредната 2020 година, а премиерата е закажана за 21 мај 2021 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...