Она што го доживеал Јужноафриканецот Рајнер Шимпф (51) во текот на нуркањето е слично на библиската приказана за Јон.
Имено, Рајнер нуркал недалеку од градот Порто Елизабета, снимајќи сардини кога замалку го проголтал кит!
– Само се појави пред мене, голташе риби и така ме голтна и мене – рекол Рајнер на кого дури и нозете му виселе од устата на китот.
Остатокот од екипата со неверување присистувал на оваа глетка.
– Почувствував притисок околу половината и веднаш знаев што се случило. Китот случајно ме вовлече во својата уста заедно со својот главен оброк, сардините – навел Шимпф, наградуван стручњак за зачувување на подморскиот живот со 20-годишно искуство.
За среќа, огромниот цицач увидел дека нешто не е во ред, па самиот го плукнал.
Рајнер се извлекол без никакви повреди. Кога видел дека сè добро поминало, се вратил во водата.
FOTO: YOUTUBE/PRINTSCREEN