Кирил Колемишевски избран за в.д. директор на Македонска банка за поддршка на развојот

Колемишевски доаѓа на местото на Драган Мартиновски на кој му истече манадот.

975

Кирил Колемишевски е именуван за вршител на должност член на Управен одбор – главен извршен директор на банката, информира банката преку Македонската берза.

Oдлуката, како што е соопштено, е донесена на седницата на Надзорниот одбор на банката одржана на 15 мај. Мандатот на Колемишевски почнува на 15 мај, а се очекува по давањето согласност од Народната банка да стане главен извршен директор на банката.

Колемишевски доаѓа на местото на Драган Мартиновски на кој му истече манадот.

Кирил Колемишевски на јавноста и е познат како член на бендот „Нокаут“, но е адвокат кој се занимава со стопанско право.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...