Кинотека на Македонија откажа проекции поради денот на жалост

98

Кинотека на Македонија откажа проекции поради денот на жалост, прогласен од страна на Владата на Република Македонија, соопштуваат оттаму.

– Вечерашните проекции од 18:00 и 20:00 часот се откажуваат. Филмот „Иван Василевич ја менува професијата“ во режија на Леонид Гајдај ќе го прикажеме на 25.02 во 18:00 часот, а филмот „Дали си го видел мојот филм?“ во режија на Пол Антон Смит ќе го прикажеме утре во 20:00 часот – се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...