– Системот може да идентификува човек на растојание од 50 метри, дури и кога лицето му е покриено. Тоа може да го надополни тоа што на софтверот за препознавање лица му е неопходна висока резолуција… Анализата на одот не може да се измами со преправање, подгрбавување и слично, оти програмата ги следи сите особини на телото, објаснува Хуанг Џонгжен, директор на компанијата Ватрикс – којашто е автор на софтверот.
Системот веќе се користи во Пекинг и во Шангај и има 94-отстотна ефикасност. На слични проекти веќе извесно време работат и Јапонија, Велика Британија и САД.