Кинески милијардер: Луѓето треба да работат само 4 часа дневно

Џек Ма, претходно јавно ја поддржа кинеската работна практика позната како „996“, односно работење од 9 до 21 часот 6 дена во неделата, кое во последно време стана вообичаено кај големите кинески технолошки компании и стартапите.

374
ФОТО: EPA / STEPHANIE LECOCQ

Луѓето треба да работат само 12 часа неделно, изјави сопственикот на „Алибаба“, милијардерот Џек Ма на глобалната конференција за вештачка интелигенција во Шангај.

Тоа, според него, може да биде реалност благодарение на вештачката интелигенција.

– Луѓето би можеле да работат само три дена во неделата, четири часа дневно со помош на напредокот на технологијата и реформа на образовниот систем – рече Ма.

Џек Ма, претходно јавно ја поддржа кинеската работна практика позната како „996“, односно работење од 9 до 21 часот 6 дена во неделата, кое во последно време стана вообичаено кај големите кинески технолошки компании и стартапите.

– Ако работиме работа што ја сакаме, 996 не е проблем. Ако не ви се допаѓа (тоа што го работите), секој минута е мачење – вели Ма.

Ма тогаш тврдеше дека вработените кои работат повеќе часови ќе бидат „наградени за својот труд“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...