Кинескиот претседател до Јужната команда: Подгответе се за војна

687

Кинескиот претседател Си Џинпинг и нареди на Јужната команда на кинеската војска, задолжена за надгледување на просторот на Јужно Кинеско Море и Тајван, да ја процени ситуација и да ги зајакне своите капацитети така што би можела да се избори со каква било вонредна состојба.

– Мораме да ги зголемиме вежбите за борбена готовност, да ги засилиме капацитетите на војниците и да се подготвиме за војна – рече Си во текот на посетата на покраината Гуангдунг.

Си смета дека е неопходно да се зајакне мисијата на Јужната команда и да се фокусира на подготовки за војна.

– Ние сите мораме да ги разгледаме сите сложени ситуации и во согласност со тоа да направиме планови за вонредна состојба – рече Си Џинпинг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...