Кинескиот пијанист Хају Жанг вечерва со Филхармонијата 

50

Пијанистот Хају Жанг кој настапи како солист на големата турнеја на Филхармонијата во Кина во декември, вечерва ќе настапи на нејзиниот концерт со рецитал на кој ќе изведе дела од Бетовен, Шопен, Дебиси и Равел.

– Хају Жанг, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и израелскиот диригент Јерухам Шаровски од Израел, гостуваше како солист на големата турнеја на нашиот оркестар во Кина, кога ги освои срцата на кинеската публика. Всушност, тој ги освоил срцата на критиката и публиката уште во својата рана младост, настапувајќи во Европа, Јужна Америка и на Далечниот Исток. Само во 2016/2017 година настапил пред повеќе од 50 илјади публика одржувајќи 30 рецитали во големите концертни сали низ Кина – соопшти Филхармонијата.

Има три албуми за „Класикс“, а наскоро се очекува и четврто издание со пијано концерти од Моцарт. Во концертната сезона што изминува, Жанг беше ангажиран со настапи со Руската национална филхармонија и Владимир Спиваков, со Германскиот камерен оркестар на Берлин, Симфонискиот оркестар во Нирнберг, Израелскиот симфониски оркестар, Националниот камерен оркестар на Ерменија. Жанг има голем број настапи низ европските музички центри во најдобрите концерти сали, како и концерти на престижните фестивали за класична музика.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...