Компанијата „Хисенс Луксембург апарати за домаќинство“, во состав на кинеската „Хисенс груп“, денеска објави понуда за преземање на преостанатите 67 отсто од сопственичкиот удел во словенечко „Горење“, по цена од 12 ева по акција.
Понудата за преземање е објавена во денешниот број на љубљанскиот дневник „Дело“ и е отворена до 26 јуни.
Хисенс, кој сега поседува 32,95 отсдто од „Горење“, на 11 мај најави дека има намера да ја купи компанијата од Велење.