Кинезите одгледуваат џиновски свињи за да намалат недостиг на месо

159
ФОТО: ЕПА / NIGEL RODDIS

Кинеските фармери мораа да уништат меѓу 250 и 300 милиони свињи поради свински грип, а едно од решенијата поради недостиг на месо е одгледување поголеми и потешки свињи.

Кина е најголем потрошувач на свинско месо во светот, па Кинезите се одговорни за консумирање на повеќе од 50 проценти од глобалната потрошувачка на свинско месо, а заради големата побарувачка, многу мали земјоделци и големи корпорации во најнаселената земја во светот се занимаваат со одгледување свињи.

Поради свинскиот грип што се шири во азиските земји угинаа многу животни и фармерите мораа да убијат дури третина од животните за да спречат ширење на болеста.

Ситуацијата влијаеше на кинеските залихи, а владата предупреди на недостиг од свинско месо што може да се очекува во првата половина на 2020 година – недостиг поголем од 10 милиони тони.

Недостигот на месо не само што ќе влијае на состојбата во Кина, туку и на глобалната цена на месото, која би требало да се зголеми следната година.

Како решение за таа ситуација, односно да ги надоместат загубите и да се обидат да ја задоволат големата побарувачка, кинеските фармери почнаа да одгледуваат поголеми и потешки свињи. Според веб-страницата Сајенс алерт, земјоделци во провинцијата Гуангси во Кина започнале да одгледуваат свињи со тежина од над 500 килограми, тешки колку и поларни мечки.

Цената на таквите големи свињи на кинескиот пазар може да достигне 1.400 американски долари, што е за три пати поголема од просечната месечна плата во таа провинција.

Најголемата и најтешката свиња во Кина одгледана минатата деценија достигна дури 900 килограми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...