Кина, вториот најголем купувач на американска нафта, целосно го прекина купувањето сурова нафта од САД.
Оваа одлука доаѓа во време на заострување на трговскиот судир на двете земји. Одлукаа на Пекинг да оневозможи влез на американска нафта на сите пазар е „неочекуван потег“, бидејќи „црното злато“ досега не било зацврстено ни на една листа на производи кои Кина возвратно ги царини при увоз од Америка.
Само во август Кина од Америка увезла 334.880 барели нафта и по тоа била втор најголем американски купувач по Канада.