Кинеските власти соопштија денеска дека разговорите со САД се „невозможни“ под моментните околности откако претседателот Доналд Трамп твитна дека гледа крај на несогласувањата.
– Досега, кинески и американски официјални лица не одржале никакви разговори за трговските несогласувања – изјави Генг Шуанг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.
– Под овие сегашни услови невозможно е двете страни да имаат какви било разговори за тоа прашање – додаде тој.