Кина тврди дека западни политичари ги поттикнуваат немирите во Хонг Конг

59

Претставник на кинеската Влада денеска изјави дека некои западни политичари ги поттикнуваат немирите во Хонг Конг со цел да создадат проблеми кои ќе го закочат кинескиот целокупен напредок.

Ханг Гуанг, портпарол на владината канцеларија за Хонг Конг и Макао изјави дека со таквите обиди нема да се постигне ништо бидејќи Пекинг нема да толерира надворешно мешање во внатрешните прашања на поранешната британска колонија.

Тој не спомна конкретни поединци или држави, но посочи дека некои политичари даваат „неодговорни изјави“ и ги охрабруваат протестите.

Протестите во Хонг Конг траат речиси два месеца со барања за поголема демократија и одговорност на Владата.

Полицијата вчера употреби солзавец гумени куршуми со цел да ги спречи демонстрантите да ги блокираат улиците на Хонг Конг.

Photo: EPA / JEROME FAVRE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...