Кина, Русија и Иран најактивни држави во економската шпионажа, според извештајот на ЕНИСА

64

Агенцијата за мрежна и информативна безбедност на Европската унија (ЕНИСА) предупреди дека е зголемен бројот на кибер напади со поддршка од држави.

Во извештајот на ЕНИСА за 2018 година се наведува дека Кина, Русија и Иран се најактивни држави во „економската шпионажа“.

Во документот се додава дека податоците што ги добиле покажуваат оти САД во 2022 година ќе станат нето извозник на нафта и природен гас.

Освен тоа, САД, според тие проекции, ќе влезе во трка со Русија за европскиот пазар.

Во извештајот исто така се наведува дека руските државни структури би можеле да ги финансираат шпионските кибер операции под изговор за заштита на околината, за да се спречи „трката за Европа“ во секторот на енергетиката, имајќи пред вид дека европскиот континент важи за еден од најголемите енергетски пазари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...