Кина започна истражувања околу мобилниот интернет од шестата генерација – 6-Г. Имено, кинеското Министерство за наука и технологија синоќа соопшти дека е основана и работната група што ќ́е работи на новата технологија.
„Работната група ја сочинуваат 37 стручни лица од повеќе истражувачки институти и компании. Ова го означува официјалното отпочнување на истражувањата и развојот на 6Г технологијата“, се наведува на интернет-страницата на Министерството.
Периодов, инаку, Кина ја воведе 5-Г технологијата што овозможува 100 пати побрз проток на податоци од постојните 4-Г мрежи.
Кинеската компанија Хуавеј, која се смета за водечка во светот во поглед на 5-Г, исто така, е вклучена во истражувањата околу 6-Г.