Кина произведе летечки автомобил

Леталото“ ќе има и безбедносни појаси и воздушни перничиња, но многу детали сѐ уште се чуваат во тајност.

279

Иако некому ќе му звучи „футуристички“, кинеската компанија „Терафуџа” најави дека првиот нејзин летечки автомобил ќе почнат да го продаваат уште следната година.

Завршната верзија е речиси готова, а благодарејќи на партнерството со „Волво”, во проектот се вметнаа и многу софистицирани новитети. Се шпекулира дека станува збор за спортски елегантен летечки автомобил на хибриден погон, опремен со побезбедни литиум-јонски батерии и интерактивен интерфејс.

„Леталото“ ќе има и безбедносни појаси и воздушни перничиња, но многу детали сѐ уште се чуваат во тајност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...