„Кина во моите очи“ фото-изложба во Куманово

84

„Кина во моите очи“ e насловена фото-изложбата која денеска беше отворена во Занаетчискиот дом во Куманово, во организација на Амбасадата на Народна Република Кина, Општина Куманово и Друштвото за македонско-кинеско пријателство, во чест на 70-годишнината од основањето на Народна Република Кина.

Присутните имаа можност да разгледаат фотографии направени од Македонци кои студирале, работеле или ја посетиле Кина, како и да пробаат кинеска храна.

Амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо, во обраќањето пред присутните рече дека кинескиот и македонскиот народ уживаат во длабокото традиционално пријателство.

Од воспоставувањето на дипломатските односи пред 26 години, нашата политика, меѓусебната доверба стануваат се посилни и поцврсти. Со платформата 17+1, Кина и Република Северна Македонија од година в година ја продлабочуваат соработката во различни области, вклучувајќи ги и науката, технологијата, образованието, земјоделството, инфраструктурата… Кина е најголем трговски партнер во Република Сверена Македонија, надвор од Европа, рече амбасадорот.

Тој се осврна и на помошта од Кина за државата и истакна дека над 10.000 кинески туристи ја посетиле државата, а повеќе од 1.000 Македонци ја посетиле Кина во текот на минатата година.

Секретарот на Општина Куманово, Десанка Стошевска му посака успешна работа на амбасадорот и изрази надеж дека ќе се продлабочи соработката со локалната самоуправа во сите сфери од општествениот живот, особено во економскиот сегмент.

Пред присутните зборуваше и претседателот на Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка, Љупчо Маленков, потсетувајќи дека Друштвото функционира од 1994-та година.

Градот Куманово годинава одбележува 500 години постоење и е Град на Културата, сметам дека најповикано место да го одбележиме овој значаен јубилеј за кинескиот народ е во Куманово, рече Маленков.

Тој се осврна на значајните настани важни за Кина и за кинескиот народ, за моќноста на државата, економскиот раст, за инфраструктурни проекти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...