Ким Џонг-ун се расоблече

155

Најновите фотографии од лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун што ги објавија државните медиуми во Северна Кореја, го прикажуваат издание што ретко може да се види – како позира пред репортери во маица, без препознатливиот горен дел од костумот.

При посета на рибник, Ким го соблекол своето одело, што уредно, префрлено преку раце го носела неговата сопруга Ри Сол-ју, додека сите останати членови на делегацијата останале во своите униформи наспроти топлото време што го зафатил Корејскиот полуостров.

На почетокот на посетата Ким се појавил со сламен шешир на главата и во посветол костум од обично, а подоцна се расоблекол во маица со кратки ракави, на која и биле откопчани и горните две копчиња.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...