Ким Џонг-ун првпат јавно ја спомна можноста за дијалог со Вашингтон

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, првпат јавно се изјасни за можноста за дијалог со САД, соопшти Корејската централна телеграфска агенција.

119

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, првпат јавно се изјасни за можноста за дијалог со САД, соопшти Корејската централна телеграфска агенција (КЦНА).

Ким Џонг-ун презентираше извештај за ситуацијата на Корејскиот Полуостров пред високи функционери на Корејската работничка партија.

Во извештајот се споменува „перспектива за дијалог меѓу САД и Демократската Народна Република Кореја”, соопшти корејската агенција, која првпат информира за можна средба со САД.

Но, таа не кажува експлицитно за таква средба и не го споменува името на американскиот претседател Доналд Трамп.

Вчера, американскиот претседател објави дека неговата историска средба со Ким ќе се одржи во мај или почетокот на јуни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...