Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека ќе има „сериозни последици“ доколку коронавирусот се прошири низ земјата и повика на позасилена заштита и спроведување на силни антивируски мерки.
Во текот на средбата на владеачката Работничка партија Ким ги повика здравствените штабови да го засилат скринингот и тестирањата за да се „спречат сите канали и просторот“ низ кој вирусот може да продре, пренесуваат американските медиуми.
– Во случај заразната болест, што веќе неконтролирано се шири, да најде пат до нашата земја, ќе има сериозни последици – изјави Ким, пренесен од севернокорејските медиуми.
Според оценки на стручњаците, епидемијата од коорнавирус во Северна Кореја може да биде страшна заради недостигот од санитетски материјали и лошата здравствена инфраструктура.