Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја надгледуваше воената вежба на армијата на западниот дел од земјата, за време на која нареди и зголемување на борбената готовност на севернокорејската војска, јави државната агенција КЦНА.
Како што пренесуваат странските агенции, за време на вежбите најверојатно биле испукани ракети од краток дострел, но не се прецизира за какво оружје станува збор.
Ким за време на вежбата истакнал дека „вистинскиот мир и безбедност во земјата е загарантиран само со силна физичка сила која ќе го брани нејзиниот суверенитет“.
Севернокорејскиот лидер наредил и дополнително зголемување на борбената готовност на војската.
ФОТО: EPA-KOREA-SUMMIT-PRESS-POOL