Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги посети повредените лица во болница и изрази сочувство поради загинувањето на 32 туристи од Кина во сообраќајна несреќа во Северна Кореја.
Несреќата се случи во неделата, кога автобус падна од мост во провинцијата Северна Хвангхе, јужно од Пјонгјанг.
– Во сообраќајната несреќа во Северна Кореја загинаа 32 Кинези и четворица Севернокорејци – соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Кина и Северна Кореја делат долга граница, а Кина е најголемиот трговски партнер на Северна Кореја и кинеските туристи се меѓу најголемите групи на посетители на таа земја.
ФОТО:EPA-EFE/KCNA