Кили ќе стане дедо, неговата ќерка Јоана се омажи во Еквадор ФОТО

Веста прва ја објави Гордана, која на својот профил на Фејсбук објави фотографии од чинот на официјалното ставање на потписите и прстените.

5883

Јоана (25), ќерката на познатата двојка Кирил Поп-Христов и Гордана Деан Поп-Христова се омажи во Еквадор и чека принова.

Веста прва ја објави Гордана, која на својот профил на Фејсбук објави фотографии од чинот на официјалното ставање на потписите и прстените, а патем откри дека новопечената брачна двојка наскоро ќе добие бебе.

„Се мажи нашето бебе и ќе има бебе“, се пофали Гордана во описот на фотографиите.

Истите фотографии ги објави и Кили, но тој напиша:

„Ете… го доживеав и ова. Совршено сум пресреќен зашто им ја гледам љубовта како дури и прекипува. Колку е тоа прекрасно кога сакаш и знаеш да сака и сакаш да сакаш. Бебето ќе биде маестрален производ на тоа силно сакање“, напиша Кили.

ФОТО: Фејсбук/Кирил Поп Христов/Јоана Деан Поп Христова/Гордана Деан Поп Христова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...