Киев може да ја принуди Украинската црква да го додаде зборот „руска“ во името

320

 Украинскиот Парламент денеска донесе закон, кој може да ја принуди поддржаната од Москва црква во Украина да додаде „руска” кон името, со цел да го ограничи влијанието на свештеници, кои според властите, претставуваат закана за националната безбедност.

-Повеќе од 300 години генерации Украинци сонуваа за украинска црква. Тоа е пошироко прашање отколку само верско, тоа е прашање на безбедноста и одбраната на нашата земја, изјави пред украинските пратеници, претседателот на украинскиот парламент Андриј Паруби.

– Нема никакво сомневање дека црквата, која благословува оружје, убијци на Украинци, не треба да го носи името на Украина – рече тој.

Украинската православна црква (Московска патријаршија) го повика претседателот Петро Порошенко да стави вето на законот, кој, според неа, е дискриминаторски и може „да доведе до непредвидливи општествени последици“.

– Како што можеме да видиме, овој нацрт-закон не ја споменува Украинската православна црква, но од јавните изјави се знае дека има намера, тој да се примени за Украинската православна црква, со цел да го задоволи новоформираното верско здружение „Православна црква на Украина”, кое
 сака да и го земе  името – изјави УПЦ (МП).

Законот усвоен денеска ги обврзува верските организации, чиј управувачки центар е во странство, во земја која води војна против Украина или окупира нејзина територија, да го промени името, за да ја одразува фактичката состојба. Новиот закон може, на пример, да ја присили УЦП (МП) да се прекрсти во Руската православна црква во Украина.

Во саботата, Украина формираше нова православна црква, независна од Москва, што ја налути Русија и го натера рускиот претседател Владимир Путин на неговата годишна прес-конференција да предупреди за евентуално крвопролевање, потсетува БТА.

Денеска, околу 1.000 православни верници се собраа на митингот пред украинскиот Парламент, во знак на протест поради одлуката на украинскиот Парламент да го смени името на црквата за да ги рефлектира своите врски со Москва

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...