Британската актерка Кира Најтли (33) во светот на филмот и глумата влегла на своите осумнаесет години. Иако денес е една од најуспешните актерки во светот, таа признава дека ѝ било многу тешко да се носи со статусот „ѕвезда“, особено на толку рана возраст.
– Двојните стандарди со кои се соочуваат жените во филмската индустрија се неверојатни, особено кај младите актерки. На мажшите им е дозволено да се забавуваат и да се опијанат, но доколку мене ме фотографираат папарацо фотографите како пијана излегувам од ноќен клуб, тоа би било крај на мојата кариера. Морав да почитувам одредени правила – признала Кеира во интервју за весникот „Стори“.
На само дваесет и две години ѝ било дијагностицирано посттрауматско стресно нарушување, но таа никогаш тоа не го криела, напротив отворено зборувала за својата состојба, но и за важноста на менталното здравје.
– Поради силниот стрес и начин на живот ми се појави посттрауматично стресно растројство и добивав напади на паника. Одев на хипнотерапија само за да можам да се појавам на црвниот тепих. Тогаш одлучив дека ќе паузирам со актерството, но со текот на годините научив како да се носам со стресот. Често работев со помош на лекарства, но сега знам дека сум добар работник. Сега е сè под контрола бидејќи сум во добра фаза и стекнав самодоверба – рекла британската актерка.
Таа е позната по јавно кажување на своето мислење за рамноправноста на жената и нејзинитее права и тоа не само во филмската индустрија.
– Проблемот со сексуалното вознемирување на е само во филмската индустрија. Отсекогаш знаев дека мажите во Холивуд се привилегирани, но тоа е така во секоја индустрија. Со пријателите многупати сме коментирале дека барем еднаш сме доживеале некаква форма на сексуално малтретирање, како на пример, ненамерно допирање во ноќен клуб, но, за среќа, не сум доживеала ништо повеќе од тоа – рекла Кира за „Стори“.
Иако и самата глуми во филмови за „Дизни“, неодамна призна дека ѝ забранила на својата ќерка да ги гледа цртаните „Пепелашка“ и „Малата сирена“. Причината е токму поради начинот на кој овие анимирани филмови ги претставуваат жените, односно нивната положба во општеството.
Фото: EPA/NEIL HALL