Кејт Хадсон: Трето бебе со трет партнер

Кејт Хадсон е одамна отсутна од социјалните мрежи, но во новата објава на Инстаграм објасни дека имала многу добра причина за тоа.

548

Кејт Хадсон е одамна отсутна од социјалните мрежи, но во новата објава на Инстаграм објасни дека имала многу добра причина за тоа. Актерката е бремена неколку месеци. Таа се обидела да ја скрие бременоста, но и самата признава дека тоа е невозможно.

Кејт со новото момче Дени Фуџикава очекува девојче, а полот на бебето го открила во интересното видео на Инстаграм. Актерката во видеото стои пред својот дом со пријателите и семејството, и таа, Дени и нејзините синови држат по еден голем црн балон со прашалници. Сите заедно бројат до три пред да ги пукнат црните балони, од кои потоа излегуваат розови конфети и мали балони, што било показател дека носи девојче.

„Се обидувавме да ја држиме оваа бременост далеку од очите на јавноста, колку што беше можно. Беше премногу голем предизвик да се сокрие, а криењето е поисцрпувачко од откривањето. Моите деца, Дени, јас и целото семејство сме многу возбудени. Пристигнува мало девојче во нашето семејство“, напишала 38-годишната Кејт на Инстаграм.

Колку за потсетување, Кејт веќе ги има 14-годишниот син Рајдер со Крис Робинсон и шестгодишниот син Бингам со Мет Белами.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...