Иако во јавност се секогаш насмеани и вљубени, Кејт Мидлтон била бесна и љубоморна кога принцот Вилијам танцувал со својата поранешна девојка.
Според сведочењето во книгата на Кејт Никол во книгата „Создавање на кралската романса“, Вилијам и Кејт се скарале на една забава кога тој налетал на својата поранешна девојка Карли Мејси-Бирч.
Пред нивната средба, Вилијам важел за голем заводник со многу девојки кои „паѓале“ на неговиот шарм и на титулата.
На забавата некој предложил да се игра „Никогаш не сум“ и тогаш поранешната девојка Карли ги потсетила присутните дека му била девојка на Вилијам.
На тоа Кејт Мидлтон збеснала, особено кога Карли рекла дека никогаш не била во исто време со двајца, за разлика од Вилијам, кој во исто време им бил момче и на Кејт и на Карли.
Засрамениот Вилијам само ѝ дофрлил на Карли: „Не ми се верува дека тоа го кажа“.
Според извор во книгата, сите знаеле дека била со Карли, а никој не знаел дека во исто време бил во врска и со Кејт, која подоцна му стана сопруга.