Кејт Бланшет: Одморете се од социјалните мрежи

Во интервју за списанието „Гламур“, таа ги советува жените да ги исклучат своите телефони на 20 минути и да се опуштат.

281

Холивудската ѕвезда Кејт Бланшет смета дека има проблем да се исклучи од „светот на социјалните мрежи“, коишто како и целото општество денес, вршат „многу повеќе притисок на жените отколку на мажите“.

Во интервју за магазинот „Гламур“, таа ги советува жените да ги исклучат своите телефони на 20 минути и да се опуштат.

– Одморот од социјалните мрежи и технологијата може да биде предизвик, но во исто време може да придонесе да се чувствуваме и да изгледаме помалку стресно од вообичаено. Откажете се од социјалните мрежи – нагласи Бланшет.

Таа нагласи дека „животот е хаос”, но наместо со Фејсбук, претпочита да се освежи со хидратантен крем за лице и серум.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...