Кејти Пери и Орландо Блум по раскинот повторно заедно во јавност

Тие двајцата синоќа се појавија на црвениот тепих на гала вечерта што се одржа во Операта на Монте Карло.

316

Пејачката Кејти Пери и холивудската ѕвезда Орландо Блум првпат се појавија заедно во јавност, откако повторно се во врска, што секако, не го ни криеја веќе некое време.

Тие двајцата синоќа се појавија на црвениот тепих на гала вечерта што се одржа во Операта на Монте Карло.

Станува збор за настан посветен на подигање на свеста за грижата за океаните, чиј домаќин по вторпат е принцот Алберт Втори од Монако. Меѓу гостите на собирот беа и Мадона, Пирс Броснан, Каролина Куркова, Ева Лонгорија и други познати личности.

Инаку, ова е втора шанса за Кејти и Орландо откако во јануари 2016 година соопшштија дека се заедно, па во февруари 2017 раскинаа, а од април годинава повторно се во врска и постојано ги почестуваат своите Инстаграм следачи со видеа полни нежности.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...