Кефирот е кисел и благо горчлив напиток, но здрав е и освежува. Во основа е ферментирано кравјо, козјо или овчо млеко и кефирови зрна кои се всушност склоп на бактерии и габички, кои живеат во симбиоза и се одговорни за ферментацијата на млекото.
Сите Руси се горди на овој национален напиток, кој најпрвин се правел на Кавказ, во вреќа од козја кожа обесена близу до влезната врата. Секој кој минувал покрај неа морал да ја удира за млекото подобро да се помеша со кефирните зрнца. Видовите на кефир се разликуваат најпрвин по староста, но и по други критериуми – нивото на киселост, количината на јреглен-диоксид, па дури и алкохол (од 0,2 до 0,6 проценти).
Кефирот првпат официјално се споменува во извештај на Кавкаското медицинско друштво од 1867. година.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.