Кетрин Зета Џонс: Обвиненијата против Мајкл ме донесоа до работ на бездна

Јас и Мајкл имаме многу отворен брак и цврста врска. Кога имате деца, кои не се виновни што се родени во свет полн со неправди, мора едноставно да бидете отворени и искрено да го делите животот со сите последици, вклучувајќи ја и неправдата - вели Кетрин

912

Актерката Кетрин Зета Џонс за првпат зборуваше отворено, речиси една година откако нејзиниот сопруг Мајкл Даглас беше обвинет за сексуално напаствување. Таа раскажа како обвиненијата ја довеле до работ на бездна и поради тоа одлучила да седне и да разговара со своите деца за да им објасни за што станува збор.

– Јас сум родена Европејка и многу сум поврзана за семејството. Поради тоа мене ми е сосема нормално кога има проблем, сите заедно да го решаваме преку отворен дијалог. На пример, ако мојата ќерка се чувствува несигурно, бидејќи е во тинејџерски години, а девојчињата на нејзина возраст знаат да бидат многу невнимателни и лоши, или ако се работи за мојот син, кој треба да оди на факултет, па е несигурен што да одбере. Сѐ решаваме заедно, за да се запознаеме подобро со проблемот за да нема изненадувања и несогласувања во иднина –  вели Кетрин, која има две деца, ќерка (15) и син (18).

За својот брак Кетрин вели дека е премногу среќна и задоволна, особено што со сопругот се заедно 20 години.

– Беше прекрасно, бидејќи никогаш не мислев дека е можно со една личност да поминеш 18 години и сѐ да биде идеално. Јас и Мајкл имаме многу отворен брак и цврста врска. Кога имате деца, кои не се виновни што се родени во свет полн со неправди, мора едноставно да бидете отворени и искрено да го делите животот со сите последици, вклучувајќи ја и неправдата.

Сопругот на Кетрин, актерот Мајкл Даглас, од својот адвокат дознал дека еден магазин сака да направи приказна за гласините што се шират, па одлучил да даде интервју.

– Одлучив да зборувам сега, затоа што моите деца се преплашени и мислат дека ќе бидам етикетиран како сексуален предатор – изјавил Даглас, кој тврди дека обвинувањата се измислица.

Авторката и новинарка Сузан Брауди го обвини Даглас за сексуално вознемирување во доцните осумдесетти додека работела со него, кога тој и дофрлал непристојни коментари за нејзиниот изглед. Таа тврди дека за време на читање текст за филм, вознемирувањето продолжило до тој степен што тој мастурбирал пред неа.

Кетрин е дел од движењето „И јас“, кое се залага за правда за жртвите што претрпеле сексуално вознемирување или силување. Движењето почна во Холивуд, но подоцна се прошири низ целиот свет и многу славни личности застанаа во одбрана на своите колеги што биле жртви на сексуално вознемирување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...