Кети Пери е бремена, го очекува првото дете со Орландо Блум

1227

Пејачката Кети Пери потврди дека е бремена. Триесет и петгодишната пејачка во спотот за новата песна „Never Worn White“ откри дека го очекува првото дете со свршеникот, холивудскиот актер Орландо Блум.

Блум веќе е татко на деветгодишниот Флин, кој го има со поранешната сопруга, манекенката Миранда Кер.

Веднаш по објавата на спотот и на песната, на кој се гледа нејзиниот труднички стомак, Кети Пери и на Твитер ја потврди среќната вест.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...