„Минатата сезона не работев на модните ревии. Почувствував дека не можам повеќе да издржам и дека полудувам“, рекла Кендал Џенер (22) во интервјуто за магазинот „Лов“. Ријалити ѕвездата и манекенка позирала за насловната страна, а некои од нејзините фотографии ги објавила стилистката и новинарка Кети Еленор Гранд (47).
Кендал позирала „пловејќи“ на грб во вода и притоа носејќи само црвени гаќи, покажувајќи ги голите гради. Дел од фановите ја нападнале манекенката поради покажувањето на брадавиците, истакнувајќи дека тоа не е пристојно и дека чудно изгледаат. Но, повеќето ја одбраниле Кендал, коментирајќи дека нејзината голотија не би требало да биде проблем ако мажите секој ден шетаат и се фотографираат без маица.
Манекенката во интервјуто за „Лов“ рекла дека живее извонреден живот.
– Не би го менувала за ништо на светот, но постојат денови кога посакаувам да шетам надвор и да не е ништо како сега – раскажала Кендал. Таа додала дека проживувала напади на паника и се будела среде ноќ поради анксиозноста.
– Не можев да се поместам. Сите ми зборуваа дека сум добро, но не се чувствував добро – ја опишала Кендал својата состојба пред неколку месеци.
ФОТО: Инстаграм