Кевин Спејси се враќа на филмското платно

Режисер на филмот е Џејмс Кокс, а покрај Спејси, во филмот глумат и Ема Робертс, Суки Вотерхаус, Ансел Елгорт, Тарон Егертон.

223

Оскаровецот Кевин Спејси се враќа на филмското платно со нова улога, во филмот „Billionaire Boys Club”, и ова е негова прва улога по обвинувањата за сексуално вознемирување минатата година.

Филмот е снимен пред скандалот, а во кината ќе почне да се прикажува во август.

– Се надеваме дека обвинувањата кои се однесуваат на поведението на еден од глумците, а кои не беа јавно познати кога филмот беше снимен, нема да му пречат на овој проект. Одлуката за пуштање на филмот, не беше нималку лесна – соопштуваат дистрибутерите.

Се работи за вистинита приказна од 1980-те, за неколкумина млади кои организирале клуб преку кој, преку систем на измами, требало брзо да се збогатат. Спејси го глуми ликот на Рон Левин, измамник, инаку и хомосексуалец, кој е убиен откако се обидел да измами неколку криминалци. Телото на Левин никогаш не било пронајдено, па некои сметаат дека тој можеби сѐ уште е жив.

Инаку, Спејси лани, правдајќи се по обвинувањата, призна дека и самиот во овој дел од животот е хомосексуалец.

Режисер на филмот е Џејмс Кокс, а покрај Спејси, во филмот глумат и Ема Робертс, Суки Вотерхаус, Ансел Елгорт, Тарон Егертон.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...