Квентин Тарантино доби шестминутен аплауз во Кан

510

Светската премиера на новиот филм Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“ се случи вчера на Канскиот филмски фестивал, а гледачите завршетокот на филмот го наградија со шестминутни овации.

Претходно, Леонардо ди Каприо, Бред Пит и Марго Роби, ѕвездите на деветтиот филм на Тарантино, му се придружија на режисерот на црвениот тепих. Во филмот свои улоги имаат и Ал Пачино, Дакота Фенинг, Лена Данам…

Приказната за златното доба на Холивуд е раскажана преку двајца пријатели глумци (Ди Каприо и Пит) и времето кога се случи убиството на глумицата Шерон Тејт (Роби) од бандата на Чарлс Менсон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...