Раперот Кање објави слика од наркоманското купатило на Витни Хјустон и го навлече гневот на јавноста.
Раперот Кање Вест минатата недела ја купил фотографија на починатата пејачка Витни Хјустон, на која се гледа хаосот во нејзината бања полна со расфрлани апчиња. За хаотичниот призор од наркоманското минато на пејачката, ексцентричниот сопруг на старлетата Ким Кардашијан го отворил кесето и платил околу 85.000 долари, за да помогне во промоцијата на новиот албум на рапертоарот Пуш Т.
Контроверзнатафотографија ќе ја „краси“ насловната на CD-то,со што тој веќе се пофали на Инстаграм.
Поранешниот сопруг на пејачката Боби Бранун револтирано коментираше декатоа е невкусно и лудо и дека некој би требало да го натепа Кање, а тој е вистинска личност за тоа.
Фотографијата е наводно снимена во Атланта во 2006.
ФОТО: Инстаграм