Кање Вест пушти своја линија маици за републиканците

79
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS
Американскиот рапер Кање Вест, кој е поддржувач на претседателот Доналд Трамп, дизајнираше своја линија маици за конзервативците, со која ги охрабрува Афроамериканците да ја напуштат Демократската партија.

Проектот се реализира во соработка со Јутјуб ѕвездата Кендис Овенс, под наслов „Блегзит“, што на маиците е употребен како натпис, каде што ’Х‘ е во облик на човек со раширени раце. Името „Блегзит“ е кованица од англиските зборови „black“ (црно, црнец) и „exit“ (излегување), што асоцира на излегување на црнците од спротивната партија.

Освен маиците со тој натпис, кампањата содржи и маици со натпис „We free”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...