Кај Врање се преврте автобус со војници, најмалку 23 повредени

520

Најмалку 23 српски војници се повредени откако се преврте автобус во близина на Врање. Несреќата се случила околу 12.30 часот и повредените војници се хоспитализирани, јавија српски медиуми.

Автобусот се движел од правец на Големо Село кон Врање. Засега нема информации за состојбата на повредените.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...