Кајли Џенер лансира производ опасен по здравјето, корисниците ја уништија ФОТО

Изгледа дека скандалот кој е поврзан со новиот бренд успеал да настане и пред самиот почеток на продажба на препаратите.

351

Старлетатата, која неодамна стана една од најмладите милијардерки, Кајли Џенер, одлучила да го зголеми своето богатство со лансирање нов бренд кој ќе продава производи од препаративна козметика. Името на брендот е „Kylie Skin“, а првите производи во продажба ќе бидат пуштени за една недела.

Сепак, изгледа дека скандалот кој е поврзан со новиот бренд успеал да настане и пред самиот почеток на продажба на препаратите.

Имено, Кајли меѓу првите производи одлучила да лансира и пилинг за лице кој содржи ореви, но како што младата милијардерка тврди, станува збор за нежен, фино мелен прав од ореви.

Меѓутоа, и покрај објаснувањето на Кајли во видеото дека производот е многу нежен и дека може да се користи секојдневно, многу корисници на Твитер не се согласиле со нејзината изјава, па остро ја нападнале.

Повеќето од нив тврдат дека научно е докажано дека оревот, без разлика дали е крупно или ситно мелен, го уништува површинскиот слој на кожата, па може да биде одговорен за настанување на акни и воспалителни процеси на лицето.

„Ова е страшно. Пена за миење лице и пилинг од ореви? Трагично е да се помисли дека милиони девојки ќе го купат ова ѓубре и ќе ја уништат бариерата на својата кожа“, напишала една изреволтирана корисничка наТвитер.

Лавината на слични коментари продолжила:

FOTO: Tviter/Printskrin

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...