Кајли Миног: На 36 години дознав дека имам рак, тогаш немав план да имам деца

1135

Во интервју, 50-годишната пејачка раскажа како дијагнозата во 2005 година ги променила нејзините планови за животот.

– Имав 36 години кога ми беше кажано дека имам рак на дојка. Мојот живот целосно се промени. Децата се уште не беа во моите планови, кога дознав за мојата болест – вели ѕвездата.

Кајли, исто така, откри детали за нејзината нова врска со 45-годишниот, Пол Соломон, кој е креативен директор на британскиот магазин „GQ“.

– Запознав некого, со кого се чувствувам добро. Тоа е вистинската личност за мене – вели пејачката за новата љубов во нејзиниот живот.

И покрај тешката дијагноза, Кајли останала позитивна.

– Не сакав да паднам во депресија и очај. Понекогаш, сепак, сè уште се прашувам што би било ако ситуацијата се развиеше поинаку. Сите ми кажаа дека постојат различни опции, но никогаш не можеш да бидеш сигурен во ништо. Сега имам 50 години и јас сум порелаксирана. Не можам да кажам, дека не ми е жал за ништо. Тешко ми беше да продолжам напред, но на животот погледнав филозофски. Треба да прифатите тоа што сте и да продолжите напред – вели aвстралијката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...