Кајли Миног вчера го прослави 51. роденден, а ако ги прашате двата милиони нејзини фанови на Инстаграм – изгледа подобро од кога и да е. Родена е во Мелбурн на 28 мај 1968 година, Кајли Миног им пркосеше на критичарите кои прерано ја опишаа како „птичка која едвај пее“ и израсна во еден од наголемите австралиски културни извозни производи и интернационални секс-симболи.
Имала само 11 години кога се појавила во телевизиската серија „Skyways“, но актерски најпозната е по ѕвездената улога на Чарлин во популарната сапуница „Соседи“, во која настапуваше од 1986. до 1988 година. Нејзиниот прв сингл, обработката на хитот на Little Eve „Locomotion“ од шеесеттите години, се вивна во 1987 година на првото место на австралиската музичка скала и на дотогашната девојка од соседството ќе ѝ овозможи кариера на поп-ѕвезда и, подоцна, танчарска дива.
По Кајли лудуваше целиот свет, а нејзините незаборавни спотови беа хитови веднаш откако ќе се појавеа.
Кајли во 2005 година отворена призна дека се бори со ракот на дојка, а по излекувањето ја крена свеста за потребата од превентивните прегледи веќе во 30-тите години од животот.