Против зоолошката градина во Канада поднесено е обвинение, бидејќи мечка однеле на сладолед во слаткарница која ги услужува купувачите и во нивните автомобили.
На снимката се гледа како мечката се наведнува преку прозорецот на автомобилот и лиже сладолед кој ѝ го подава сопственикот на ресторанот.
По критиките кои ги добиле Дискавери Вилдлиф паркот, снимката ја симнале од интернет. Тие се бранеле дека видеото било наменето за промоција на безбедноста.
„Пораката била: Не хранете ги мечките и не запирајте на работ на улицата. Ако луѓето го слушнале видеото, таа порака би ја добиле“, се правдал еден од сопствениците на зоолошката.
Против зоолошката покренати се две обвиненија. Првото оти диво животно е ивадено од предвидениот простор и е одведено на сладолед, а вотрото, дека истата мечка во 2017 година вработените од зоолошката секоја вечер ја возеле во својата куќа и ја хранеле со флашичка.