Катица Ќулавкова ја доби меѓународната награда „Антево слово“ во Италија

327

Академик Катица Ќулавкова е добитник на првата награда на меѓународниот конкурс „Антево слово“ 2018/2019 во Сицилија, Италија, за песна по слободен избор.

Според жирито, нејзината песна „ Eпистулa до Јулија, ќерката на Октавијан“ е „компаративна поетска лирика која освен што нуди историографско патување, доловува емоционален авторски бран кој ги текстуализира и истражува основните битови прашања на постоењето“.

– Таа умешно и со доза на нежност ги обмислува преку поетскиот глас исконските, суштински догледи, еманципирачки и со длабок вознес,образложува жирито во кое членуваат претставници од семејството на доајенот на македонската поезија Анте Поповски, книжевници од  Македонија и организаторот на меѓународниот фестивал „Анџело Ла Векија“.

За учество на вториот меѓународен конкурс и доделување на наградата „Антево слово“ се пријавиле повеќе од сто поети од Македонија. Вората награда ја доби Ѕвонко Танески, а третата ја делат Раниа Орфанакоу од Грција и Александра Велинова. Специјални награди за учество добија и Александар Наумоски, Наташа Сарџоска и Филип Фиданоски.

Доделувањето на наградите, проследено со поетски читања во спомен-собата на Анте Поповски во Македонија ќе се реализира во втората половина на февруари.

Наградата „Антево слово“ е конституирана како дел од меѓународната поетска  манифестација „Анџело Ла Векија“, која се одржува секоја година во градот Каникати на Сицилија, Италија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...