Кобното цунами одзеде повеќе од 222 лица во Индонезија. Катастрофата била предизвикана од ерупција на вулканот Анак Кракатау. Најтешко била погодена провинцијата Бантен, од каде потекнуваат повеќе од половина од загинатите.
Стотици домови биле урнати, а патиштата од попаѓаните дрва блокирани.
Ова видео кое го објави „Гуардијан“ од дрон ја прикажува каква е моменталната состојба на областа која била погодена.