Каталонските сепаратисти може да добијат 15 години затвор

84

Врховниот суд на Шпанија планира да ги казни лидерите на каталонските сепаратисти на максимални 15 години затвор за организирањето на неуспешниот обид за прогласување независност на Каталонија во 2017 година.

Водачите ќе бидат осудени по обвиненија за бунт и злоупотреба на јавните средства, но не и за построги обвиненија за предавство, изјави денеска неименуван извор од судот, пренесува Танјуг.

Пресудата се очекува да биде објавена следната недела, најверојатно в понеделник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...