Кастанер: Имаше очигледни протести при нападот со нож во префектурата во Париз

92

Во интервјуто за телевизијата ТФ1, министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер се наврати на нападот во префектурата на полицијата во Париз при што загинаа петмина, вклучувајќи го и напаѓачот, минатиот четвртокот, во таа прилика тој изјави дека имало „очигледни пропусти“, јавува дописникот на МИА.

– Истрагата и правдата ќе треба да овозможат да се утврди (…) дали имало грешки, и доколку имало ќе ги исправиме и доколку имало грешки, ќе има санкции – рече Кастанер.

Критикувано дека во четвртокот, неколку часа по нападот тврдеше дека напаѓачот „никогаш не претставувал потешкотии во однесувањето“ или дека не покажал „најмал знак за предупредување“, Кристоф Кастанер се обиде се оправда.

На прашањето за профилот на напаѓачот, министерот за внатрешни работи одговори:

– Овој човек не се криеше дека премина во друга вера и дека стана муслиман. Но, тоа не е значи дека ако некој е муслиман, дека тој е и терорист – рече тој.

– Во административното досие на ова лице одговорно за нападот, не се појави никаков знак, што укажува на тоа дека тој се радикализира и јас инсистирам на тоа. Сепак, министерот призна дека двајца од колегите на напаѓачот пријавиле во јули 2015 година  „ненормално однесување и расправија по атентатот во Шарли Ебдо. Полициски службеник задолжен за радикализација, тогаш се сретнал со колегите на Микаел Х. и ги прашал „изрично дали сакаат да направат административен извештај. Тие, според информациите што ми беа соопштени, решија да не го направат тоа. Доколку се потврдат овие факти, пропустот е од  тоа време – според министерот.

– Јас го потврдувам во фактот дека не се појави никаков знак во административното досеи на лицетошто сугерира дека тој може да биде радикализиран. Повторно ви велам и за жал, зашто, ако се појави знак, можеби можевме да го избегнеме тоа“ – рече министерот, осудувајќи го„политичкото судење “ на кое е изложен, наложено од оние кои ја бараат неговата оставка или ја осудуваат неговата неспособност.

Тој додава дека  „ниту една хипотеза во моментов не е отфрлена“ за причините за нападот. На прашањето за евентуална оставка, баран од неколку членови на опозицијата, министерот одговори: „Не, не се поставува прашањето“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...