Против Мадуро застана и актерката Кораима Торес, која стекна светска слава глумејќи во сапунската опера „Касандра“.
Оваа ѕвезда во екот на својата слава во 90-тите години го посети и Скопје.
Инаку таа на Инстаграм постави фотографија со натпис: „Слободна Венецуела“, алудирајќи на датумот кога Гваидо себе си се прогласи за претседател и додаде:
„Без оглед на тоа каде и да се Венецуелците, сите сме здружени за 23.јануари 2019 година“.
Инаку, опозицискиот лидер Гваидо вчера рече дека ќе ја разгледа амнестијата за Мадуро и неговите соработници ако помогнат во Венецуела да се врати демократијата.