Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека со картичките издадени од Банката може да се вршат трансакции во трговија и на најголем дел од банкоматите на Банката.
Наскоро ќе функционираат сите банкомати на Комерцијална банка. Активностите поврзани со функционирањето на останатите сервиси се во тек, за што дополнително ќе Ве известиме. Благодариме на Вашето разбирање.
Синоќа Комерцијална банка извести дека поради технички проблем, не се достапни сервисите на Банката.